Педагошки пристап
Програмата има основни столбови на кои се поставуваат сите активности и содржини што ќе се реализираат. Вредностите кои се основа на програмата се:
- Грижа
- Комуникација
- Поврзување
- Заедништво
Интегриран пристап на работа со децата. Целта на овој пристап е да им се овозможи на децата/учениците да ги видат врските и зависноста помеѓу одредени предмети во градинката/училиштето и феноменот на животот надвор од градинката/училиштето. Овој пристап треба да им помогне на децата да ги поврзат знаењата и вештините од различни дисциплини, да го структурираат нивното учење, да излезат со нови прашања, како и да создадат нови знаења преку заедничко работење.
Секоја активност има краток опис и ќе се подготвува според трите клучни прашални збора
- Што ќе правиме?
- Зошто тоа ќе го правиме?
- Како ќе го правиме?
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН МОДУЛ ЗА УЧЕЊЕ
Мултидисциплинарен модул за учење - негова главна карактеристика е реализација на целите кои сакаме да ги постигнеме (според планот и програмата за работа), особено развојот на трансверзалните компетенции и центарот (училиштето) како заедница за учење. Мултидисциплинарниот пристап е концепт на кросдисциплинарно, интердисциплинарно и трансдисциплинарно учење. Тоа е однос помеѓу
- Автентично учење
- Учење преку решавање на проблем
- Учење преку проект
ПРИМЕР:
Мултидисциплинарен модул за учење – се избира тема од современиот живот, што се однесува на животот на секој граѓанин; се комбинира содржината со различни теми и се бараат врските помеѓу темите и работите во училиштето и во секојдневниот живот.
ТРАНСВЕРЗАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ
Трансверзалните компетенции се состојат од: знаење, вештини, вредности, ставови и волја; способност за примена на знаење и вештини во дадена ситуација или контекст. Трансверзалните компетенции ги надминуваат границите на дисциплините и поврзуваат различни полиња на знаење и вештини
Принципи на култура на учење и компетенции што сакаме да ги постигнеме кај децата:
- Грижа за себе и другите, управување со секојдневниот живот, за одржлива иднина и одржлив развој
- Култура на изразување и интеракција
- За важноста на учењето, образованието и науката.
- Медиумска писменост. Дигитални компетенции, одговорност со медиуми.
- Навики кон работата, претприемништво