Воведен збор

Почитувани родители, ништо не е поважно за човекот од тоа да биде сигурен дека неговите деца ќе продолжат по правилниот пат и дека ќе им биде добро, пријатно и безбедно во светот.

Нашата мисија како образовен центар е промовирање на вредностите и препознавање на вистинските потреби на децата, да учиме како да живееме добро, како и обид да се покаже и даде пример дека е потребно сериозно да се инвестира во воспитанието и образованието, особено во наставничката професија која е заедничка точка на најдобрите образовни системи. Нашето мото е „ДЕЦАТА СЕ УЧИТЕЛИТЕ НА СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА“.

Ова место ја артикулира визијата за тоа какво воспитание и образование му се потребни на детето и како тоа да го направиме преку разновидниот пристап и богатството на образовните ресурси. Ќе се обидеме децата да влезат и во светот на имагинацијата и во светот на реалноста, обезбедувајќи им практични алатки потребни за нивниот раст и развој, креирајќи атмосфера на можности. Трпението, разбирањето, природниот авторитет, духовитоста, фантазијата и почитувањето на детето се особините на нашите наставници. Нашата цел е да ги учиме децата како да мислат, а не што да мислат; да истражуваат; да се сомневаат; да прашуваат; да комуницираат; да прават грешки и да учат од сопствените грешки; и најважно - да им биде убаво и забавно додека учат и престојуваат во „Бибиверзумот“.

Искрено се надеваме дека барем малку ќе придонесеме децата да ги откријат сопствените потенцијали и да ги всадиме доблестите, особено: праведноста, мудроста, умереноста, храброста, трпението, самодисциплината, емпатичноста, истрајноста, чесноста. Тоа се длабоките хуманистички вредности кои се основа на сè во животот.

Професор Кирил Барбареев,
координатор на програмата на „Бибиверзум“



Нашиот тим

Рекоа за нас

“Прашалникот го одговоривме заедно со Аника. Ваш зборувавме дека многу ќе ни недостасувате, но се гледаме во Бибиуниверзум. Аника вели дека многу ги засакала учителката и дечињата. Останете во добро здравје и силни прегратки од Аника. Ова е од мама - инсистираше да биде сама на часовите и ја оставивме. Не сакав да пречам до сега,задоволна /пресреќна е и тоа ми е најголем доказ ;) ”

Билјана

Родител

„Одлична идеја и добра реализација. Во овие специфични услови, пронајдовте начин да се дружите со децата и да им го промените секојдневието.“

Ана

Родител

„Супер сте како тим... Браво за сите инволвирани... Посебно БРАВО за наставничката која многу добро се снаоѓа во целава оваа онлајн брканица.“

Драган

Родител

Стани дел од „Бибиверзум“

Одберете со физичко присуство или онлајн. Наставата со физичко присуство ќе се одржува еднаш неделно, час од 60 минути, во нашето катче во Аеродром, Скопје. Онлајн наставата ќе се одржува два пати неделно, два часови по 30 минути.