Наставен кадар

Еден од најзначајните фактори во развојот и благосостојбата на децата се едукаторите и нивниот професионален пристап кон професијата. Воспитувачите, наставниците и асистентите во „Бибиверзум“ се искусни и одлични едукатори кои имаат цврсто академско знаење во теоријата и искуство во практиката за развојот на детето.

Трпението, разбирањето, природниот авторитет, духовитоста, фантазијата и почитувањето на детето се особините на нашите воспитувачи и наставници. Нашата цел е да ги учиме децата како да мислат, а не што да мислат; да истражуваат; да се сомневаат; да прашуваат; да комуницираат; да прават грешки и да учат од сопствените грешки; и најважно - да им биде убаво и забавно додека учат.

Тимот на „Бибиверзум“ е како семејство, со точно дефинирани индивидуални, лидерски позиции и тимски дух кој се негува. Тимот секојдневно разговара, комуницира и ги оценува реализираните и планираните активности, стапува во контакт со родителите (по потреба) и се труди секогаш да се води од принципот - што е најдоброто за детето и родителот.

Бројот на воспитувачи и наставници по група со децата е уште еден суштински фактор за реализација на програмата. Во секое време со воспитувачите и наставниците работат и асистенти со цел подобар надзор и индивидуализирана грижа. Во „Бибиверзум“ во секоја група од 10 деца работат еден наставник и еден асистент.

Нашиот тим